Македонија
Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се на терен по пријава за напад. Оттаму нема други информации, а истите ги најавуваат по завршување на акцијата.
„ Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации“ велат од МВР.
Засега е познато дека се евакуирани десетина згради, од кои дел се во државна сопственост каде се сместени повеќе институции. Дел од нив се зградата на операторот „А1“, МНТ, МИА, СЕП, ДКСК, Инспекторатот за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова положи венец на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Претседателката положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.
Делегации на Кабинетот на претседателот положија венци со свежо цвеќе на вечните почивалишта на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.
Македонија
Исени во СВР Скопје: Безбедноста во градот е добра и покрај предизвиците со кои се соочува секторот

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Скопје.
На средбата беа разгледувани актуелните состојби во најголемиот сектор за внатрешни работи, предизвиците со кои се соочуваат како недостаток на кадар и можностите на решавање на истите.
„И покрај предизвиците со кои се соочува СВР Скопје констатиравме дека безбедноста во градот е добра и сите капацитети на СВР Скопје се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните. Воедно, изразив убедување дека СВР Скопје со крајна професионалност ќе продолжи со истата динамика на работа, расчистување на кривичните дела и обезбедување на јавниот ред и мир и стабилноста во градот Скопје во интерес на граѓаните на Република Македонија“, потенцираше заменик министерот Исени.
Оваа средба е дел од низата средби кои ќе бидат направени во секторите за внатрешни работи za запознавање со состојбите во сите сектори и организациски единици на МВР.
Македонија
Кривична пријава против градоначалникот на општина Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки – набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.
Од комисијата за јавни набавки на пријавениот Г.Т. му било укажано за невообичаено ниските цени и согласно член 163 став 1 од Законот за јавни набавки бил должен од економскиот оператор побара дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и согласно член 169 став 1 точка 4 и 5 од Законот за јавни набавки да го поништи таквиот оглас за јавна набавка. Но, и покрај тоа пријавениот ги пречекорил границите на службената должност со неизвршување на службената должност, фаворизирал и овозможил на правно лице од Делчево да го добие договорот за јавна набавка на стоки – делови за моторни возила за потребите на општина Делчево.
По склучување на договорот, пријавениот наместо да обезбеди правилно и законски користење на средствата на општината и да ги набави деловите со невобичаено ниска цена, не извршил набавка на таквите делови, а извршил набавка и плаќање на сите останати стоки наведени во тендерската документација кои биле со повисоки цени од понудите на другите двајца понудувачи и на тој начин му озовможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.