Македонија
Пријавувачите на бомбите, Лазаревски и Костовски, се вратија во МВР
Укажувачот Ѓорѓи Лазаревски и неговиот колега Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. „За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на „Твитер“.
Звонко Костовски е главниот инженер во одделот за одржување и телекомуникации на Петтата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите. По барање на лидерите на групата, која е обвинета во предметот „Таргет-Тврдина“, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал со име „важно“ овозможувајќи им на креаторите на групата пристап до системот за надзор и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации лично на своите компјутери.
Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.
За професионалците секогаш ќе има место во МВР. pic.twitter.com/uBbQyYT3oo— Oliver Spasovski (@o_spasovski) December 20, 2018
Потоа, Костовски материјалите му ги предал на Ѓорѓи Лазаревски, а тој му дал на ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски, за на крајот Верушевски да му ги предаде на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Лазаревски и Костовски беа уапсени во февруари 2015 година како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш кога тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги пушта бомбите. Костовски се спогоди со Обвинителството и призна вина за неовластено прислушување и шпионажа по што беше осуден на три години затвор. Лазаревски не призна вина и остана 11 месеци во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

