Македонија
Продаден апартманот на Тито во Њујорк, колку ќе добие Македонија?
Продаден е двокатниот луксузен апартман во Њујорк, сопственост на некогашна СФР Југославија, по цена од 12,1 милиони долари. Добиените пари треба да бидат поделени меѓу земјите наследнички на поранешната југословенска федерација, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
Апартманот, кој има шест спални соби и четири бањи, беше користен од амбасадорите на СФРЈ во САД, а во него престојуваше и поранешниот југословенски претседател Јосип Броз – Тито за време на посетите на Њујорк.
Станот, кој од 1992 година стои празен, го купила некогашна СФРЈ во 1975 година за сума од 100.000 долари.
Во соопштението на српското Министерство се посочува дека од распадот на СФРЈ, трошоците за одржување на апартманот ги плаќа Србија, па затоа било договорно Белград да добие 40 проценти од сумата по која тој ќе биде продаден.
Средствата од продажбата, според утврденото во Виена, би требало да се поделат и на Хрватска околу 28,49 проценти, на Словенија 16,39 отсто, 13,2 проценти на Босна и ерцеговина и 5,4 % на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

