Македонија
Продаден дел од имотот на Мијалков: буџетот на државата зголемен за 244.000 евра
Агенцијата за управување со одземен имот информира дека успешно ја спровела и реализирала продажбата на вкупно три одземени недвижности во согласност со јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање.
Станува збор, како што соопштуваат, за три недвижности, кои во согласност со правосилната судска пресуда КОК – ПП бр. 283/2022, се одземени од Сашо Мијалков.
Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244. 000 евра, информираат од Агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.
Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација предводена од Талат Џафери, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
Македонија
ЦУК апелира на внимателност при појава на силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, најавени за попладне
Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има локална појава на метеоролошка нестабилност, со локално пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
ЦУК апелира на голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Сите итни случаи, како што додаваат од центарот, се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Македонија
Пожар на железничката станица во Гевгелија: се запалила локомотива од воз
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид а во Гевгелија синоќа имало еден невообичаен пожар на железничката станица во Гевгелија.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид , известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, од 11.10 до 12.10 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило, гаснеле запалено стрниште во с.Рамне.
Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно ПП возила и два пожарникара од 00.30 до 01.07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.
Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.