Македонија
Продолжена паузата на седницата на која се решава за затворската казна на Груевски
Судeчкиот совет ја продолжи паузата на седницата за решавање за затворската казна на експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер на МВР, Ѓоко Поповски, за случајот „Тенк“.
Седницата ќе продолжи во 13 часот кога судијката ќе ја соопшти одлуката по барањето на одбраната за изземање на судечкиот совет.
Претходно, Апелациониот суд одлучи да го одбие барањето на обвинетиот експремиер за одложување на седницата поради отсуство на неговите адвокати.
Во сучајот за набавката на есктралуксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра Поповски беше осуден на 6 и пол години затвор, а Никола Груевски доби 2 години затворска казна.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето ќе биде променливо облачно со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Македонија
Денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

„Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка
Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“. Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.
Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.
„Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее“, стои во соопштението на здружението.