Македонија
Продолжен рокот за пријавување за вакцинација за новинари и медиумски работници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги информираат новинарите и медиумските работници дека рокот за пријавување за втората фаза од вакцинацијата против Ковид-19 е продолжен и трае до 23 април (петок).
На овој повик нема ограничувања и може да се пријават сите новинари и медиумски работници кои имаат активен ангажман поврзан со некој медиум, како и слободни новинари и медиумски работници.
Имунизацијата, во соработка со Министерството за здравство се очекува да биде организирана наскоро, за што пријавените навремено ќе бидат известени, како за термините, така и за локацијата.
Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за првата фаза од вакцинацијата, се ставени на списокот за вториот круг на вакцинирање.
Повеќе информации се објавени ТУКА.
Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кривична пријава против директор на училиште во Липково за злоупотреба на службената положба и овластување

Полицијата поднесе кривична пријава против директор на училиште во Липково за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според информациите од МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари.
Македонија
Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.
Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Стабилизарање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часот.
„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл“, велат од Водовод.
Од таму апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
Апел до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected]или www.vodovod-skopje.com.mk
Со дивите приклучоци, велат од Водовод, се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје
Македонија
Поради пожар без вода ќе бидат Чаир и Железара

Поради денешиот пожар има прекин на електричната енергија во пумпена станица Гази Баба која го снабдува со вода резерварот Гази Баба, информира Центарот за управување со кризи.
Од таму велат дека поради прекин со електричната енергија од страна на ЕВН можни се прекини во водоснабдувањето на населените места Општина Чаир и Железара.