Македонија
Продолжуваат преговорите за платите во образованието
Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), денеска ќе одржат нова средба во врска со барањата за зголемување на платите за просветните работници.
На средбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.
Заев ја најави средбата вчера во Собранието и рече дека заедно со Министерството и Синдикатот ќе се обидат да најдат заедничко прифливо решение за покачувањето на платите во овразованието.
Тој упати апел до професорите и наставниците да не грижат за тоа дали има пари во буџетот за повисоки плати.
„На средбата ќе побараме од СОНК да има трпение затоа што има проектиран буџет за таа намена. За среќа, буџетот не го тршиме на глупости. Ќе ги покачиме платите без денар задолжување. Нашата проекција е со ова покачување наставниците да достигнат плати повисоки од просечната“, рече Заев.
Синдикатот и Министерството се состанаа во вторникот, меѓутоа не постигнаа договор. СОНК бара зголемување на платите, кое ќе биде поголемо од десет проценти и ќе почне од 1 јануари в година. Од друга страна, МОН предложи платите да се зголемат 10 проценти од април. Од Синдикатот не се согласуваат со предлогот и најавуваат генерален штрајк, кој би се одржал на 11 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.