Македонија
Продолжува акцијата за садење дрвја во општина Аеродром
Продолжува акцијата за засадување 1.800 високостеблести дрвја што се спроведува на територијата на општина Аеродром, информираат оттаму.
„Деновиве над 120 видa дрвја се засадуваат на две локации, на улицата Методија Шаторов – Шарло и над 60 по должината на улицата Коста Новаковиќ во стар Аеродром. Исто така, дрвја се засадуваат и на две локации во Реонскиот центар – Аеродром, односно 35 садници на улицата 1612, како и 100 парчиња на потегот на секундарната сообраќајница паралелна со булеварот Видео Смилевски – Бато, се наведува во соопштението од Општината.
Во изминатите десетина дена, кога почнала акцијата, опфатени биле и просторот околу ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, пред ООУ „Александар Македонски“, улицата Бојмија, како и кружниот тек кај Поликлиниката „Јане Сандански“.
За овој проект, велат од Општина Аеродром, издвоени се 8 милиони денари од буџетот, а исто толку се предвидени и за в година. „Општина Аеродром останува посветена на грижата за животната средина и ги презема сите мерки во нејзина надлежност за решавање на прашањата поврзани со аерозагадувањето“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

