Македонија
Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас“ и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег.
Досега се исчистени деловите од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат од двете страни од кејот, исто така исчистен е просторот од мостот „Обединети нации“ до Железниот мост во Влае, како и делот кај „Желениот мост“ до објектот на ТВ Канал 5.
Во наредниот период продолжува интензивното сечење на обраснатата вегетација на кејот на реката Вардар, согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Центар почнува со проект за рано откривање на сколиоза кај ученици од 8 до 14 години во основни училишта

Општина Центар и „Синергија Скопје“ во септември започнуваат пилот проект за рано откривање на сколиоза кај ученици од 8 до 14 години во основни училишта на подрачјето на локалната самоуправа . Проектот е договорен во рамки на месецот за подигнување на свеста за сколиоза и ќе се реализира во училиштата: „ Свети Кирил и Методиj“ и „11 Октомври“.
Прегледите ќе ги спроведуваат лиценцирани физиотерапевти и ортопеди во училишни простории, со цел навремена детекција и стручна поддршка.
„Здравјето на децата е наш приоритет. Во пубертетот, кога телото брзо се менува, важно е да се реагира навреме. Неправилното седење, мобилните телефони и тешките ранци го оптоваруваат ’рбетот , затоа секое дете треба да има можност за превентивен преглед,“ порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Сколиозата често се развива незабележано, а навременото откривање е клучно за детскиот развој.
„Превенцијата не е привилегија , туку потреба на секое дете. Раната дијагноза и редовно следење се клучни за да се спречат компликации.
Ако се третира навреме, децата можат да имаат целосно нормален живот “, велат од Здружението.
Општина Центар е поддржувач на кампањата за подигање на свеста за сколиозата и на настанот одржан по тој повод во Паркот на Франкофонија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по примерот на Заев ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции сред Атина

Кога помисливме дека поголем штетник за државните и национални интереси од Зоран Заев нема, се појави Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение.
„Филипче по примерот на неговиот ментор Заев, ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции, и тоа од сред Атина.
Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи надвор од државата, со измислици, лаги и манипулации го руши државниот углед и позиции.
Но, што може да се очекува од човек кој му се восхитува на Заев, кој освен во Грција и во Бугарија ги рушеше националните интереси на Македонија, каде на национална телевизија викаше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти.
Што го тера Филипче да ја кодоши и плука сопствената држава во која добил се, или пак до последно останува верен на муртинската политика на Заев која подразбираше предавства, коленичење и распродажба на националните интереси.
Венко Филипче треба да знае дека како претседател на опозицијата има должност и обврска да биде на линија и во служба на националните интереси.
Стратешката цел за членство на Македонија во Европската Унија е една од главните определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е сојуз во кој природно припаѓаме.
Но, исто така, тоа не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација, како по примерот на прифаќањето на предавничките договори на СДС и Зоран Заев.
Интеграцијата во најмоќниот европски сојуз мора да биде под јасно утврдени критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, Копенхашките критериуми, европски вредности и начела.
Покрај членството во ЕУ, државата има должност и обврска да води грижа и да го зачува достоинството на нацијата.
Затоа, Филипче треба да знае, дека кодошејќи ја државата прави огромна штета на државата и на идните генерации и дека го руши достоинството на македонските граѓани.
И како опозиционер, Филипче е дел од оваа генерација политичари, од кои граѓаните очекуваат умерена и одговорна политика во интерес на државата, а не да ја кодоши и да биде срам за Македонија“, се вели во соопштението.
Македонија
Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.
Ова се случува откако Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.
Со оваа инвестиција, како што информираат од Владата, ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.