Македонија
Промената на личните документи се коси со човековите права – Хелсиншкиот предупредува дека многу граѓани нема да може да се вратат дома
 
																								
												
												
											Околу еден милион граѓани нема да може да го уживаат своето уставно и основно човеково право на слободно движење, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, со оглед на тоа што до 12 февруари граѓаните треба да ги заменат личните документи поради промена на името на државата, а во согласност со обврската преземена со договорот од Преспа.
Од Хелсиншкиот комитет истакнуваат дека огромен број граѓани нема да успеат да извадат нови патни исправи до овој датум, а со стари патни исправи ќе останат и многу македонски државјани, кои се во странство и нема да може да се вратат дома.
„Едните се заробени во сопствената држава, а другите нема да може да се вратат. Ваквата неорганизираност влијае на илјадници наши сограѓани и доведува до елементарно прекршување на правата на граѓаните, кои од разни причини имаат потреба да излезат од границите на државата. Постапките за вадење лични документи во овој момент се долги, хаотични и освен повреда на достоинството, предизвикуваат реална штета од материјална и од нематеријална природа“, велат од Хелсиншкиот.
Поради тоа, Хелсиншкиот комитет смета дека институциите на државата се однесуваат крајно понижувачки кон своите граѓани и тоа не само поради целиот хаос во врска со вадењето на документите туку и во однос на прекршувањето на уставните права на граѓаните.
Хелсиншкиот комитет за човекови права бара надлежните институции во најбрз можен рок да изнајдат соодветни решенија и да ја амортизиираат штетата што им ја предизвикуваат на граѓаните.
Министерство за внатрешни работи, како што се наведува, треба веднаш за ја реорганизира свјата работа и да обезбеди услови за вадење биометриски патни исправи и лични карти во разумен рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											