Македонија
Промени во менаџментот на „Кроација осигурување“ АД Скопје – друштво за осигурување живот
Агенцијата за супервизија на осигурувањето на редовна седница одржана на 11.11.2024 година го одобри именувањето на Бобан Томески за извршен член на одборот на директори на „Кроација осигурување – ЖИВОТ“ АД Скопје. Согласноста е донесена откако одборот на директори на „Кроација осигурување – Живот“ АД Скопје го именува Бобан Томески за извршен член на одборот на директори на „Кроација осигурување – Живот“ АД Скопје на 1 ноември 2024 година и му го довери мандатот со почеток од 1 декември 2024 година.
Бобан Томески со повеќе од една деценија искуство на клучни позиции во осигурителниот сектор ја презема функцијата од Маја Станковска-Костова, која ја водеше компанијата изминативе пет години.
„Управувањето со Кроациа осигурување – Живот, друштво кое е лидер на пазарот за осигурување и најстара осигурителна компанија за животно осигурување во Македонија, е голема привилегија, но и одговорност за водечката личност. Во текот на петгодишниот мандат, Маја Станковска Костова даде значаен придонес за развојот на Друштвото, за подобрување на услугите кон клиентите, креирање прилагодени понуди на производи како и зголемување на профитабилноста. Ѝ благодариме за досегашниот ангажман и за сето она што го постигна, и ѝ посакуваме успешна кариера надвор од компанијата. На Бобан Томески му посакуваме многу успех на новата функцијата – извршен член на Одборот на директори и во водењето на друштвото кон нови деловни достигнувања“ – изјави Марио Батарило, претседател на Одборот на директори на Кроациа осигурување – ЖИВОТ АД Скопје.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

