Македонија
Променливо облачно време, на повеќе места пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови. Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а максималната од 25 до 33 степени, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Согласно најавите, во Скопје не очекува променливо облачно време, претежно попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.
Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници.
Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.
Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.
Со ваквиот начин на објавување на продажните цени како што оценуваат надлежните, ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.
За оние кои нема да ја почитуваат, пропишани се глоби кои достигнуваат и до 10 илјади евра.
Мерката според најавите нема да важи за трговците кои имаат до 10 вработени.
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.