Македонија
Променливо облачно време, попладне слаб локален дожд
Времето денеска е променливо облачно, во западните делови попладне со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со појава на магла. Ќе дува слаб јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно облачно и потопло, особено на повисоките места и на планините, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

