Македонија
Променливо облачно време, претпладне со повремен дожд
Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општините Центар и Карпош без струја
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов (кај Вју Ин Хотел) во општина Центар и
– Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Ловќенска 1, 2 , 3 и 9 во општина Карпош.
Скопје
Дел од неколку општини без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано неколку прекини со водоснабдување и тоа:
– поради уличен дефект ф-250мм на ул. Џон Кенеди бб (пред пензионерскиот дом), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Топанско Поле-висока зона.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Чаир)
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Тетовска 33, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Центар)
– поради изведување на водоводен приклучок од ф-2“ на ул. Салвадор Аљенде, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучувајќи ги Амбасадите на Република Франција и Британија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)
Македонија
Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура
Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан.
На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8.
Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба.
На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.
“Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената”- истакна министерот Николоски по средбата.
Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.