Македонија
Променливо облачно и магливо
Денеска, ќе биде променливо облачно, во одделни котлини и особено по должината на Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во наредните денови продолжува стабилното време со релативно високи дневни температури, освен во одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде што ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.
Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дурмиши ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес во Берлин
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши утре ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис формум ќе дискутираат на тема “10 години Берлински процес-Западен Балкан како економска област на патот на ЕУ“.
На конференцијата на министри покрај Дурмиши ќе присуствуваат министрите за економија на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Берлинскиот процес беше воспоставен во 2014 година како платформа за соработка на високо ниво меѓу високи официјални претставници на шест земји од Западен Балкан и нивните колеги во Земјите домаќини на Берлинскиот процес.
Процесот ги вклучува и институциите на ЕУ, меѓународните финансиски институции и граѓанското општество во регионот, Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и бизнисите.
Македонија
Тошковски од Охрид: Имплементација на научните достигнувања овозможува подобро да се справуваме со предизвиците на безбедноста
Денеска министерот за внатрешни работи се обрати на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“ која се одржува во Охрид 23-24 септември, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и фондацијата „Фридрих Еберт“. Тошковски ја упати својата благодарност до организаторот за можноста да се обрати пред реномираниот собир на експерти од областа на безбедносните науки и истакна дека конкретната тема посебно погледната од аспект на моменталните глобални трендови и случувања бара сериозно експертско анализирање со цел проекција на решенија кои имплементирани ќе ја гарантираат безбедноста и отпорноста на регионот.
„Унапредување на науката и академското истражување на степен на којшто заслужува е нужно не само за научната фела, туку и за практиката како таква. Ако сакаме да зборуваме за безбедно општество, борба против сите видови сериозен криминал, нужно е да ги дискутираме темите и на ова академско и експертско ниво со цел заклучоците и научните факти кои ќе произлезат од ваквите настани, да ги имплементираме во институциите со што ќе го зголемиме нивното ниво за да се борат со сите предизвици како што се организираниот криминал, сајбер криминалот и високата корупција. Научната мисла мора да го даде својот придонес во секој од овие пилари во кои институциите како МВР ќе треба да се развиваат во иднина.“, потенцираше Тошковски.
На крајот на своето обраќање Тошковски нагласи дека со имплементирање на научната мисла и достигнувања создадени на вакви конференции и форуми овозможува подобро да се подготвиме за сите предизвици кои не очекуваат во иднината и кои се клучни за безбедноста на државата, регионот и пошироко.
Македонија
Средба Муцунски – Гераптеритис во Њујорк: почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет
На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.
Оваа средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно унапредување на дипломатските односи. Во текот на конструктивната дискусија посебно внимание беше посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката.
Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идни корисни иницијативи и проекти, нагласуваат од МНР.