Македонија
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. По должината на Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
И в четврток ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Николовски – Милер: САД силен поддржувач во борбата против криминалот и корупцијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-1.jpg)
„Соединетите Американски Држави се еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава, при што во делот на Царината силен фокус во соработката е сузбивањето на криминалот и корупцијата, како и зголемување на институционалните капацитети во наплатата на приходи“, беше истакнато на средбата помеѓу директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и шефот за економски прашања во амбасадата на САД, Рајан Милер.
На состанокот двете страни говореа за напредокот на работниот план со Трезорот на САД, каде што експерти од двете институции работат на развој на мерки што ќе придонесат за прибирање повеќе приходи во буџетот и сузбивање на сивата економија и корупцијата. Воедно, се говореше и за проектот за телесни камери за царинските службеници, како и за континуираните обуки на царинските службеници во рамките на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност при Амбасадата на САД.
Милер му честита на директорот за неговото назначување на оваа функција и му посака успех во работата.
Од страна на директорот беше изразена огромна благодарност до САД за нивната континуирана поддршка во развојот на Царинската управа.
Македонија
Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Аламави-05.07.2024.jpg)
Јас сум извршен директор на „Eпсотех Македонија“ и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на „Eпсотех“, Аламави, за германско-белгиската инвестиција.
„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места, кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:
„Во оваа пригода ние би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра, кои би ги инвестирале тука“.
Македонија
Муцунски – Баумгартнер: Неопходност од забрзување на нашиот евроинтегративен процес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1-2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, имаше средба со амбасадорот на Француската Република, Сирил Баумгартнер.
На средбата беше истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат, со фокус на идното продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја.
Муцунски го запозна амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската агенда, со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.
Притоа Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на регионот.