Македонија
Променливо облачно и студено
Изутринава времето е умерено облачнo на север и североисток, а во останатите делови е сончево, но студено и со мала облачност. Дува слаб претежно северозападен ветер.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено. Попладне и особено на југот облачноста ќе се намали. По должина на Повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува, а на североистокот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 4 степени.
Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините, а од недела се очекува краткотрајно поголемо наоблачување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје поради празникот Водици.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Гаши со честитка за празникот Водици
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод празникот Водици.
„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот“, пишува во честитката.
Македонија
Облачно и студено време, од утре внрежи од снег
Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.

