Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски на бројни средби со министрите за транспорт од ЕУ, ќе го претстави планот за изградба на брза пруга на Коридор 10
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски учествува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.
Министерот Николоски вчеравечер оствари работна вечера со министрите за транспорт на Белгија, Малта, Грција, Германија и Кипар.
На средбата мнистрите разговара за развој на транспортниот сектор во регионот. Министерот Николоски ги претстави приоритетите на Македонија, со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспорот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан. Нагласена беше важноста и од изградба на Коридор 8.
Во рамки на денешниот министерски собир, министерот Николоски ќе оствари работни средби и со министрот за транспорт на Италија, потоа со министерот на Унгарија и Австрија, како и со претставници на ЕУ каде ќе ги претстави проритетите на Македонија.
Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.
На собирот на министри и денеска ќе се разговара за предизвиците на транспортниот сектор на ЕУ, подобрувањето на конкурентноста и поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји меѓу кои и земјите од Западен Блакан. Посебен фокус ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа.
Македонија
„Љупчо Дон Николовски додека бил министер за земјоделие потрошил скоро милион денари по кафани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби. Љупчо Дон Николовски за помалку од четири години колку што бил министер за земјоделие потрошил 976.199 денари или скоро милион денари за во кафеани и ресторани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или милион евра поделени на 42 месеци колку што бил министер се 24 илјади денари, односно значи дека месечно трошел околу 24 илјади денари за ресторани. Или една плата со која живее семејство.
Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари или скоро 500 илјади денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година 377.700 денари или скоро 400 илјади денари.
Дон Николовски јадел телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а пиел и скапи вина или шише од по 3.500 денари.
Расипничкото однесување е карактеристика за функционерите од СДС.
Продолжуваме со објавување детали за расфрлањето со народните пари од страна на Дон Николовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Дел од две скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 09:00 до 12:00 часот Сеизмологија, Пржино, Институт за земјотресно инженерство, Француска амбасада и ул.Милан Мијалковиќ. (Општина Центар)
• од 08:00 до 15:30 часот Дел од улица Регионален пат R1102 Скопје – Катланово на потегот од бензинска Мак Петрол до исклучок кон с. Огњанци, улица 3, дел од улица 7 и дел од улица 2. (Општина Петровец)