Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, извести УХМР.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

