Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во текот на следната работна седмица, од УХМР прогнозираат дека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија.
Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ.
Земјотресот е почувствуван и кај дел од жителите на Скопје.
Според податоците бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово во 19 часот и 35 минути.
Се уште не се објавени податоци за неговата јачина.
Македонија
Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност
Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност.
На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.
На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.
Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.
Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.
Советот за безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а по потреба и почесто.
Македонија
Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата „Дрисла“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“.
При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.
Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје.
Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.
Оваа посета, како што соопштија од кабинетот на Меџити, ја истакнува посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.