Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој краткотрајно во северните делови ќе се засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди, кои ќе бидат почести в среда и в четврток.
Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој во средината на денот ќе се засилува.
До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Откопан е гробот на Зоки Фаци, се претпоставува дека крадци барале злато и вредни работи

Денеска е откопан гробот на Зоки Фаци.
„Во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
За немилиот настан на социјалните мрежи се огласи и јутјуберот Стефан Лазаров, пријател на покојниот Зоран Василевски.
„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи. Остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија“, пишува на Фејсбук Лазаров.
Македонија
Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13.
Боки 13 во 2020 година беше осуден на девет години затвор за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“ во случајот „Рекет“.
Боки 13 во моментов е со условна затворска казна врз основа на медицинска документација. Некои лекари тврдат дека тој е инвалид од прв степен и не може да ја одлежи затворската казна. Судот ги прифати тие медицински наоди и му дозволи да остане на слобода.
Во 2023 година Јовановски беше опериран за отстранување на целиот стомак.
Македонија
СДСМ: Зголемувањето на платите на универзитетските професори е поради СДСМ и законските решенија

„На лагите на Министерката за образование и наука Весна Јанеска им нема крај. Не е точно дека платите на Универзитетскте професори оваа Влада ги има зголемено за 14%. Зголемувањето на платите на професорите во Високото образование се резултат на заложбите и законските решенија донесени во време на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Ова покачување на платите на Универзитетските професори е резулатат за измената на Законот за високо образование со која се регулираше коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовани установи односно усогласување на висината на платата со зголемувањето на минималната плата и животните трошоци. Со вакавата измена, СДСМ овозможи континуиран раст на платите на Универзитетските професори“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Ја повикуваме Министерката за образование и наука Весна Јанеска да ја запознае јавноста што сработи во перидот од нејзиното именување до денеска, освен што се фали со проектите и решенијата донесени од СДСМ прикажувајќи ги како свои?!Универзитетските професори, наставничката фела е двигателот на ова општество и знаат кој работел и придонел за подбрување на нивниот статус и мотивираност а тоа не е ДПМНЕ ниту Јаневска“.