Македонија
Променливо облачно со температура до 11 степени
Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 6 степени.
Ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење, ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски
„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди“, изјави денес на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски за времето додека бил министер во МЗШВ потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, а во истовреме земјоделските производи на нашите земјоделци скапувале по нивите затоа што нема пласман. Од сите сознанија кои ги имаме се доаѓа до заклучок дека Дон Николовски поголем дел од времето го поминувал на патувања и репрезентации во кафеани, отколку да биде на терен и да ги решава проблемите на земјоделците. И наместо да најде начин како да исплати над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, тој се шетал низ Европа и САД. И на ниту едно патување не избрал економичен хотел, карти се плаќани по неколку стотина евра, а во исто време се трупале долгови кон земјоделците. Дон Николовски и СДС раскалашено се однесувале со парите на граѓаните, неодговорното трошење резултираше со ограбена држава и голем број нерешени проблеми. Ваквото однесување веќе никогаш нема да биде пракса, а за Дон Николовски ќе има одговорност за сите злоупотреби“, додава Петрушевски.
Македонија
Натпревар за поголема свест за важноста од прва помош
Државен натпревар во прва помош се одржа денеска во Скопје. Организиран е од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Во натпреварот Учествувале 12 екипи од основни и средни училишта од различни градови низ државата.
Како што потенцираа од Општина Ѓорче Петров, целта на овие активности е да се зголеми свеста за важноста од прва помош и да се обучат младите во вештини што можат да спасат животи.
На настанот присуствувале и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и заменик – министерот за образование Лулзим Алиу.
Македонија
Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи
Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на места поројни со услови за појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи од три до 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со минимална температура од седум, а максимална од 27 степени.