Македонија
„Промислување на пандемиите“ – симпозиум на Светскиот ден на филозофијата
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава 17. пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, утврден од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од ноември и се слави во целиот свет, со фокус на вредноста и придобивките на филозофијата.
Годинава, стожерен дел на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Промислување на пандемиите“, во кој во три блок-сесии во четиринаесет (14) излагања ќе земат учество шеснаесет (16) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство (редоследно): проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, м-р Филип Трајковски, проф. Љубомир Гајдов, д-р Мартин Поповски, емеритус проф. сци д-р Самуел Садикарио, проф. Иван Бабановски, проф. Росано Чолаков, доц. д-р Лидија Ковачева, сци д-р Радмила Трајкова, проф. Даниела Николова, проф. д-р Марија Тодоровска, проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Бошко Караџов, проф. Владимир Ѓуровиќ и докторанд Игор Поп Трајков.
Симпозиумот „Промислување на пандемиите“ претставува прв систематски промислен облик во нашата земја, во поширок (филозофски и мултидисциплинарен) контекст да се проговори и дискутира за темата пандемија.
Настанот ќе се одржи на 19 ноември (четврток) преку дигиталната платформа „Зум“, со почеток во 10 часот. Заинтересираните за следење на симпозиумот ќе може тоа да го сторат преку следниот линк: https://zoom.us/j/93381230075. Публиката ќе може да се вклучи со прашања до учесниците (во пишана форма во прозорецот Q&A на „Зум“). Текот на симпозиумот исто така ќе може да се следи во живо (како live streaming), на фејсбук-страницата на ФДМ и на Филозофски факултет – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

