Македонија
Проработи страницата на која македонските граѓани може да се пријавуваат за вакцинација

Министерството за здравство информира дека е пуштена во употреба веб-страницата Vakcinacija.mk (https://vakcinacija.mk/), на која граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација против Ковид-19. Секој заинтересиран граѓанин што сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
„Потребно е граѓаните да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19. Со пополнувањето на формата се регистрирате директно во националниот систем ‘Мој термин’. Сите апликации што ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот, кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина“, информира Министерството за здравство.
Во согласност со распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.
„Вакцинирањето е доброволно и се спроведува во согласност со стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против Ковид-19. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи, на кои досега се развиваа и сите други вакцини“, псочуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.