Македонија
Просечна пензија од 30 илјади денари, вети Венко Филипче во Радовиш
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, ексминистерот за здравство, Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“.
На средбата со пензионерите, Филипче потсети на досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ за подигнување на стандардот на пензионерите. Тој рече дека и во новата програма ниту пензионерите, ниту останатите социјално ранливи категории не се изоставени и истата предвидува низа мерки за унапредување на квалитетот на животот на пензионерите. Филипче потсети и на мерките кои ги реализирал тој како министер од кои пензионерите имале директен бенефит.
„Целосно ги укинавме квотите за лековите на рецепти. Не така одамна беа времињата кога се трчаше од први до петти во месецот за да се земат лековите коишто после тоа се трошеа и немаше веќе лекови на рецепт. Целосно ја укинавме партиципација за пензионерите коишто имаат потпросечен пензија, а сега во новата програма ја укинуваме за буквално сите пациенти. Значи секој кој што оди на доктор од сега па натаму во следниот наш мандат нема да плаќа повеќе партиција од 20 отсто“, рече Филипче.
Истакна дека должност на помладите генерации е да се грижат за повозрасните и како министер возрасните секогаш му биле приоритет.
„Се грижиме за тие што се грижеа за нас и затоа сакам да ви порачам на сите пензионери овде во Радовиш, но и пошироко, дека гарантираме зголемување на минималната пензија до 20.000 денари и просечна пензија до 30.000 денари, како и усогласување на пензиите секој јануари и јуни“, објасни Филипче.
Тој додаде дека покрај зголемувањето на редовните месечни пензионерски примања, пензионерите ќе добијат и дополнителни 6 илјади денари како новогодишен пакет на крајот на секоја година.
На средбите со лицата со дијабетес, Филипче информираше за плановите предвидени за оваа важна категорија на пациенти во насока на подигнување на квалитетот на нивниот живот преку подобрување на терапијата што ја добиваат.
Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер за здравство беа направени клучни промени во таа насока: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.
„Ќе продолжам да се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, како што беше кога бев министер, тогаш и во најголемата здравствена криза, дијабетичарите не останаа без терапија и без ленти, игли или гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче.
Ваквата непосредна комуникација, со сите граѓани, вклучително и со лицата со дијабетес и со нивните здруженија, ќе ја продолжам и во иднина, рече Филипче, со цел партнерски да креираме решенија што ќе значат подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.
Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал.
Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.
Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Македонија
Минчев: Градиме координиран и професионален инспекциски систем во служба на граѓаните
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес претседаваше со првата конститутивна седница на Колегиумот на директори на државните инспекциски служби, при што Министерството за јавна администрација ја исполни законската обврска за одржување на оваа седница, но и постави основа за поефикасна, посистемска и усогласена соработка меѓу сите инспекциски органи во државата.
Целта на Колегиумот не е само формална координација, туку суштинско унапредување на размената на информации и добри практики, усогласување на инспекциските постапки, заедничко планирање на активности, како и навремено идентификување и надминување на системските предизвици.
„Очекувам овој Колегиум да прерасне во вистинска платформа за стратешки дијалог, каде што ќе се отвораат прашања од заеднички интерес, ќе се предлагаат конкретни решенија и ќе се градат политики кои ќе придонесат за поголема правна сигурност, подобра услуга кон граѓаните и стопанството и зголемена доверба во институциите“ – истакна министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација, како што беше нагласено на седницата, ќе остане силен и активен партнер во процесот на реформирање на инспекцискиот систем, со јасна заложба за професионализација на инспекциските служби, унапредување на институционалните капацитети, дигитализација на процесите и доследна примена на законските решенија.
Министерот посочи дека новиот Закон за инспекциски надзор става посебен акцент на планирањето како темел на квалитетен, ефикасен и предвидлив инспекциски надзор.
„Овој закон не претставува само формална нормативна рамка, туку суштинска реформска алатка која поставува нови стандарди на професионалност, одговорност и координација во работењето на инспекциските служби“ – нагласи Минчев.
Македонија
Одговорноста е твоја најголема добивка – Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење
Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење – затоа што вистинската победа не е во бројките, туку во контролата.
Секој ден носи избори. Некои се мали, некои големи – но сите имаат последици. Кога играме одговорно, ја чуваме радоста и довербата на оние што нè сакаат. Одговорната игра е знак на зрелост и почит – кон себе, семејството и заедницата.
„Во спортот, како и во животот, дисциплината носи резултати. Но без одговорност, секој успех е залуден. Одговорноста е привилегија што нè прави победници – не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја и играј одговорно,“ порача познатиот водител Димитар Атанасовски во рекламата на Mozzart.
Забавата е убава само кога има граници – затоа што границите нè штитат.
Пораки од кампањата:
– Одговорноста е твоја најголема добивка.
– Забавата има смисла само кога ја контролираш.
– Постави лимит и држи се до него – тоа е твојата победа.
– Не дозволувај играта да стане товар – задржи ја како радост.
Со оваа иницијатива, Mozzart уште еднаш ја покажува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите играчи. Целта е јасна: култура на свесно и безбедно обложување, каде секој знае дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот.
ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart. Одговорноста е привилегија. Играј одговорно Mozzart.
ПР

