Македонија
Протестот пред Собрание започна со молитва
Протестот организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ кој се одржува пред Собранието против промена на името, започна со молитва. Насобраните испратија порака дека само господ знае за Македонија и да и помогне на државата да ги спаси од „лукавиот“.
Тие носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат на разумност со цел да се зачува уставното име.

Пред Собранието во центарот на Скопје може да се забележи и зголемено присуство на полиција. Поради протестот сообраќајот на улиците Даме Груев и Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин е пренасочен.

Министерството за внатрешни работи апелираше граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

На протестот не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачуваа организаторите од студентското движење „Млади за Македонија“. На социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните ако забележат лице со фантомка, да му ја симнат и да го предадат на полиција. Тие нагласија дека по никоја цена не се дозволени напади на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.






