Македонија
(Видео) Куршум на челото на Јовевски, нов протест за смртта на Алмир
Пред Владата на Република Македонија денеска толпа граѓани протестираа во знак на револт поради преквалификацијата на кривичното дело „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“ за случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој почина како последица на удар со возило кое го управувал Бобан Илиќ, кој претходно имал караница со родителите на починатото дете.
Граѓаните кои протестираат со себе носат играчки, детска облека, како и транспаренти на кои пишува „Нема правда нема мир“, правдата е слепа, каде ви е совеста, отиде Зврлевски, дојде Јовевски, Заев реформи за сите, кога?

Освен за преквалификација на делото, граѓаните реагираат и на тоа што возилото со кое беше прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, е вратено на семејството, кое, пак, лично обвинетиот Бобан Илиќ го ставил јавно на продажба по извршеното убиство. Граѓаните исто така побараа јавниот обвинител кој го води случајот, Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, да биде изземена од процесот.

Нејзината одлука за преквалификација ја оспорија четворица јавни обвинители.
Судот за овој случај го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението. По напуштањето на судницата каде штто беа дадени завршните зборови, братот на Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на членовите на семејството на загинатиот Алмир кои стоеја пред судот.

Вчера во вечерните часови министерот за правда, Билен Саљији, си поднесе оставка поради, како што кажа, разнишаната доверба кај граѓаните која произлегува од преквалификуваното обвинение за Алмир.
Обвинителството го товари обвинетиот Бобан Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. За истиот настан поднесено е обвинение против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири, и Абдула Алиу за сторено кривично дело „насилство“.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ
„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ.
„Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.
Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ
Затоа, во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.
Барањата на претставниците на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.
Но, владата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

