Македонија
Професори од средното уметничко реагираат дека директорот самоволно забранува настава со физичко присуство

В.д. директорот на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје доставил одлука за прекин на наставата со физичко присуство, на што реагираат професорите, кои велат дека одлуката директорот ја донел самоволно бидејќи училиштето има дозвола за работа.
Во документот се соопштува дека наставата со физичко присуство се прекунува од 15 март до 2 април. Наведено е дека ваквата одлука се должи на зголемениот број заразени наставници и ученици во училиштето.
Групата професори негодува посочувајќи дека училиштето има добиено дозвола за работа од страна на Комисијата за заразни болести, исто како и музичкото училиште.
„Сметаме дека в.д. директорот Филип Фидановски неоправдано и притивзаконски на своја рака донесе таква одлука“, велат некои од професорите во училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.
Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.