Македонија
Професорот Дескоски во Одборот за акредитација – Министерката Дескоска вели нема судир на интереси
Професорот на Правниот факултет, Тони Дескоски, е еден од дваесет и тројцата членови на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, именуван на предлог на УКИМ од пред неколку години. Професор од УКИМ реагираше на социјалните мрежи дека постои судир на интереси бидејќи Министерството за образование го менаџира токму неговата сопруга, Рената Дескоска.
„Веројатно никој нормален не очекува дека треба да даде отказ од работа зашто јас сум министерка за образование“. Ова е краткиот коментар на министерката за образование и наука, Рената Дескоска, за „Макфакс“. Таа вели дека нејзиниот сопруг бил именуван од УКИМ пред таа да стане министерка за образование.
Владата нема надлежност ниту да го именува, ниту да го разрешува мојот сопруг зашто тоа е на предлог на неговите колеги, вели Дескоска. На прашање дали требало да побара од УКИМ да назначи друг претставник наместо нејзиниот сопруг, поради судир на интереси, Дескоска вели: „Ако почнеме да се мешаме во тие органи, тогаш се мешаме во автономијата на универзитетот“.
Во септември лани на предлог на Владата биле именувани 9 членови во тоа тело, меѓу кои професорите Розалинда Поповска-Коскарова, Гордана Попсимонова, Тале Герамитчиоски… Од МАНУ член е академикот Владо Камбовски. Собранието ги изгласа измените во Законот за високото образование со кои овој одбор ќе биде поделен на два дела, еден за акредитација и еден за евалуација со по 15 членови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

