Македонија
Процентот на новозаболени лица во земјава е ист со вчерашниот
Процентот на новозаболени лица од Ковид-19 во земјава е ист како вчера, ако се направи компарација меѓу направените тестови и регистрираните позитивни случаи.
Имено, вчера беа регистрирани 185 новозаболени на направени 1.364 тест што е 13,5 отсто од тестираните.
Денеска се потврдени 101 нов случај на заразени на направени 776 тестови, а тоа е 13 отсто од тестираните.
Во денешната статистика не се вклучени податоците за тестираните во болницата Систина, бидејќи не биле стигнати во ИЈЗ до праќањето на извештајот, нагласија од Министерството за здрасвтво. Доколку стигнат, овие лица ќе бидат внесени во утрешниот извештај.
Охрабрувачки е тоа што бројот на смртни случаи денеска е значително помал во споредба со вчера. Вчера починаа 11 лица, а според денешните податоци во изминатите 24 часа починале 5 лица.
Викендов излекувани се 63. пациенти.
Вкупно во земјава во моментов се хоспирализирани 362 пациенти. На Инфективната клиника за два дена се примени 14 пациенти, од кои 9 вчера, а петмина денеска. Со тоа, вкупната бројка на хоспитализирани на Инфективна изнесува 95 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“, викендов се примени 29 лица, а вкупно таму лежат 133 лица. Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип – 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106 лица, а 2.942 се водат како активни случаи.
Елена Тарчуговска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

