Македонија
Радев: Бугарија треба да разговара со сите институции во Македонија
Бугарскиот претседал, Румен Радев, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, изјави дека Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите други институции, како со претседателот така и со Собранието и со опозицијата.
Прашан како го коментира тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа средбата со Иванов, Радев одговори дека комуникацијата со сите институции е начинот двете земји да остварат конструктивни, добрососедски и пријателски односи.
„Мислам дека кога повикуваш други да водат дијалог, самиот не треба да бегаш од него. Се надевам дека нашите приоритети за Западен Балкан нема да се сведат само на прегрнувањата. Треба да докажеме лидерство и одговорност во тешки моменти“, изјави Радев на заедничката прес-конференција со Иванов.
Од друга страна, македонскиот претседател постапката на Борисов ја оцени како заземање страна, што не придонесува за конструктивност и соработка.
Претходно, Борисов и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, ги откажаа средбите со македонскиот претседател посочувајќи дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на нивната соседна држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

