Македонија
Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана
Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и со Република Северна Македонија, како логични последици на она што се случува во Скопје и Тирана и на политиката на Владата на Северна Македонија и патот што го избраа, пренесува „БНР.бг“.
Пред новинарите во Њујорк, каде што учествуваше на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Радев вчера изјаснувањето на Националното собрание го дефинира како разумен став и апелира до бугарските политичари на воздржаност и разум.
„Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на кое се развија настаните и коментарите за Албанија и Северна Македонија“, рече Радев.
Според него, власта во Скопје оди во спротивна насока на евроинтеграциите.
„Преговарачката рамка од 2022 година многу јасно кажува дека кога РСМ ќе ги запише Бугарите во Уставот, дури тогаш ќе почнат преговорите за пристапување“, изјави Радев.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека уште кога бил во посета на Брисел, било најавено дека, најверојатно, Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од нашата земја. Тој ѝ посака многу успех на соседна Албанија бргу да го заврши преговарачкиот процес и, како што рече, можеби еден ден „нашите патишта повторно ќе се сретнат на таа траекторија кон полноправно членство во ЕУ“.
„Ние сме единствениот случај во кој билатералните договори се услови во преговарачката рамка. Жалам што претходната влада егизбиционистички прифаќаше сè, мавташе со европското знаме додека го ограбруваше сопствениот народ. Гледаме дека состојбата е таква каква што е и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски остапки, без гаранции, да прифаќаме услови“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Нагласи дека сегашната поставеност на работите во однос на нашето членство е диктат и оти својот став тој го пренел и на средбите во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево
Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини го стабилизираме и најголем дел се со галерии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Охрид.
Тој истакна дека овие зафати за прв пат се прават во Македонија и ретко каде во регионот има такви инженерски потфати.
„Таму отидовме со решение, кое по мене требало да се направи уште кога почнал да се работи овој проект, за жал проекти немаше, геолошки истражувања немаше. Сега се направија проекти за 16 свлечишта, од кои што 14 ги стабилизираме, најголем дел се со галерии, едната е веќе готова кај селото Извор, втората почнува да се работи, очекувам до пролет три да се целосно завршени. Најголемиот проблем е кај селото Ботун, цела планина буквално се спушта таму. Таму ќе одиме со стабилизација во земја, 14-21метар ќе се спуштаме во земја, чисто за споредба тоа се згради од 4 до 5 спрата. Станува збор за техники кои што се модерни и најнови во инженерскиот систем, ветивме дека ќе го завршиме автопатот и ќе го завршиме, без разлика што се’ треба да се направи“, рече Николоски.
На новинарско прашање, дали во рокот ќе заврши изградбата на автопатот, вицепремиерот Николоски истакна дека динамиката на работите е одлична и дека очекувањата се автопатот да биде пуштен во рамките на договорениот рок.
Македонија
Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, велат од МВР.
Македонија
Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.
На церемонијата присуствуваше и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој му честита на Мартин и се фотографираше со него.
„Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци, што мислам дека многу значи за развој на градот и на туризмот и мислам дека ова што го прави општината предводена од градоначалникот Пецаков и со поддршка од Владата, ќе продолжи да дава резултати и во периодот кој што е пред нас. Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме“, рече Николоски.

