Македонија
Радмила Шекеринска избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/Screenshot_9-1.png)
Радмила Шекеринска, поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша таа на својот Фејсбук профил.
Долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС, на конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/crvena-mladina-gerila-akcija.jpg)
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tiganj-mickoski.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.