Македонија
Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски
Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
За назначувањето на функцијата заменик-директор информира самиот Шуковски на својот фејсбук-профил.
„Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата што ми е дадена.
Денес е мојот прв работен ден на позицијата в.д. заменик-генерален директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (‘Македонијапат’)“, информира на социјалните мрежи Шуковски.
„Голема благодарност до претседателот на Владата, членовите на Владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба“, пишува Шуковски.
Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата што ми е дадена“.
Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откога пред речиси два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

