Контакт

Македонија

Разрешувањето на претседателката Дамева од Судски совет под знак прашлник, Коалицијата за правично судење со низа забелешки за седницата

Објавено пред

Коалицијата „Сите за правично судење“ со низа забелешки за денешното разрешување на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

dobivaj vesti na viber

Од Коалицијата велат дека од страна на член на Судскиот совет, пред почеток на денешната седница е ставен предлог за дополнување на предложениот дневен ред, по што за истиот предлог Советот гласаше преку електронскиот систем кој го користи. Со 6 гласа „за“ и 6 гласа „против“ предлогот првично не е усвоен, но член на Советот изјави дека се сомнева во резултатите од електронското гласање и побара гласањето да се повтори со кревање на рака, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

„При повторното гласање предлогот е изгласан со 7 гласа „за“, и 5 гласа „против“ од присутните членови на седницата, со право на глас. Притоа, не беше понудено ниту образложение за сомнежите во резултатите, ниту пак образложение за разликата во резултатите од гласањето. Во однос на ова прашање, треба да се има предвид Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, кој во членот 13 детално го регулира начинот на одлучување и гласање. Оттука, при носењето на одлуките, предност се дава на електронскиот систем за гласање, а само по исклучок односно доколку од оправдани причини гласањето не може да се изврши преку електронскиот систем, се дозволува истото да биде спроведено со кревање на рака.

Дополнително, во ставот 2 од истиот член, предвидена е можност по предлог на член на Советот да се дозволи гласањето да биде направено со кревање на рака, во случај доколку некој од членовите се посомнева во резултатите од гласање преку електронскиот систем, што и било направено на денешната седница. Без разлика што Деловникот дава можност за промена на начинот на кој што се врши гласањето, евидентно од пракса е дека членовите никогаш не даваат образложение поради која причина се сомневаат во резултатите од гласањето. Недавањето соодветно образложение, и инсистирање на промена во начинот на кој што се врши гласањето, е особено проблематично со оглед дека оваа можност многу лесно може да биде предмет на злоупотреба од страна на членовите при секоја ситуација во која што тие не се согласуваат со резултатите од гласањето, а во насока да се издејствува поинаква одлука од страна на Советот.

Дополнително, согласно член 12 став 3 од Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, по отворањето на седницата, претседателот на Советот го предлага дневниот ред на седницата, а член на Советот може да предложи измена на дневниот ред со усно образлагање на предлогот. Токму на денешната седница, член на Советот даде предлог за измена на дневниот ред и тоа со додавање на нова точка за дискусија, која беше изгласана. Сепак, иако согласно досегашната практика на Судскиот совет по соопштувањето на предлогот за дневниот ред и негова измена, истиот се става на гласање, на денешната седница, предлог дневниот ред на седницата воопшто не беше ставен на гласање за усвојување.

Оттука, единствено се гласаше за предложената нова точка на дневниот ред – расправање за меѓучовечките односи во Судскиот совет, при што веднаш следеше усвојување на записникот од претходната седница, односно дискусија по точките на дневниот ред. Ова доведува до парадоксална ситуација, односно доколку дневниот ред не бил усвоен, тогаш воопшто не би можело да се премине кон дискусија по предложените точки, или пак, доколку дневниот ред бил усвоен, при дискусија за меѓучовечките односи во Советот, не би можело да биде додаден предлог за разрешување
на претседателот на Советот во рамки на дискусијата за меѓучовечките односи. Ова воедно претставува и ризик Советот да формулира прилично лабави формулации на точките на дневниот ред, во рамки на кои ќе може да додава и други предлози, со што значително би се намалила транспарентноста и отчетноста во постапувањето.

На ова се надоврзува и проблемот со целосното отсуство на одредби во Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и подзаконските акти, првенствено Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, кои се однесуваат на престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет. Така, во постоечките прописи е предвидена постапка и услови за избор на претседател на Судскиот совет, но не и
постапка, услови и основи за разрешување, во кој поглед постојат само одредби за дисциплинска постапка и одговорност на член на Советот.

Дотолку повеќе што и во членот 36, став 1 од Законот за Судскиот совет на РСМ таксативно се набројани надлежностите на Советот, од каде е очигледно дека истиот може да одлучува само за дисциплинска одговорност на член на Советот, а не и за посебно разрешување само од функцијата претседател на Судски совет. Оттука, може да се заклучи дека престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет пред неговиот истек, е можен само доколку постои престанок и на неговиот/ нејзиниот мандат како член на Советот.

Следствено на ова, престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од ЗССРСМ. Сепак, за да постои каква било дисциплинска мерка или разрешување на член на Советот, претходно мора да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35 од ЗССРСМ, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии. На ваквото барање, членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик претседателот на Советот ги доставува материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето. По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието на РСМ, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето не учествуваат во гласањето.

Поради ова, Судскиот совет не можел да донесе одлука за разрешување од функцијата претседател на Судски совет без да донесе одлука за разрешување на членот како член на Судски совет, односно не ја испочитувал процедурата во која може да се одлучи за каква било дисциплинска
одговорност на член, вклучително и претседателот на Судски совет, како и ја донел одлуката со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, одлуката ја донел со 7 гласа „ЗА“, од кои еден бил и глас на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување.

Што се однесува до начинот на водење на седниците на Судскиот совет, согласно Деловникот за работа на Судскиот совет, претседателот на Советот ја отвара седницата, и ја води истата согласно Законот за Судскиот совет на РСМ и Деловникот на Советот. Во досегашната практика на постапување на Советот за отворање и водење на седниците, доколку е присутен на седницата претседателот на Советот, истиот ја отвара
седницата и ја води до констатирање дека седницата е прекината или пак завршена. Во случаите кога претседателот на Советот е спречен да присуствува на седницата, односно е отсутен од истата, со седницата раководи заменик претседателот на Советот. На денешната седница се воспостави невообичаена практика, што претходно не се применувала, а тоа е дека иако претседателот на Советот е присутен на седницата, ја
отворил истата и започнал да ја води, сепак кога претседателот одби да го стави предлогот за нејзино разрешување на гласање, заменик претседателот на Советот го презема водењето на истата. Од досегашниот мониторинг што го врши Коалицијата, ваквиот начин на водење на седниците до сега не бил применуван, односно седниците секогаш ги водел претседателот на Советот доколку истиот е присутен на седницата, а
заменикот ја водел седницата само во негово отсуство што дополнително остава отворени прашања и дилеми за причините и законските основи поради кои заменик претседателот го преземал водењето на седницата во присуство на претседателот на Советот.

Имајќи го предвид претходно изнесеното, Коалицијата апелира на доследно почитување на законските одредби, како и прифатените стандарди на добро управување и добро владеење, особено во ситуација кога државата веќе се соочува со нарушена репутација во поглед на функционирањето на судството, како и фактот што Судскиот совет веќе неколку пати се има доведено во вакви слични ситуации, со кои многу тешко може да
се справи. Во оваа насока, транспарентното и отчетното постапување, со темелно образлагање на постапувањето и одлуките кои ги носи Советот се императив, а притоа мора да има свесност и одговорност за последиците кои можат да бидат предизвикани со применување единствено на минималните демократски стандарди за добро владеење.

Македонија

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

Објавено пред

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.

Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;

– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;

– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;

– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија54 минути

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа1 час

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет1 час

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет2 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет2 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет2 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа3 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет14 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет16 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет19 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет20 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет22 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет23 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет23 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет1 ден

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет1 ден

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...