Македонија
Ракометарите ќе слетаат на скопскиот аеродром во 20 и 30 часот

Наместо во 18 и 50 часот, ракометарите на Вардар ќе слетаат на скопскиот аеродром во 20 и 30 часот, информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
„Заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони“, објави Шилегов на „Фејсбук“.
Бројни фанови веќе пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје да ги пречекаат нашите шампиони. Пристигнати се и брендираните двокатни автобуси во кои ракометарите ќе патуваат до скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево и дека нема странски и домашни центри на моќ кои ја палат Македонија. Ова признание на Тошковски e директент демант на изјавите на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Дополнително, признанието на Тошковски е потврда дека Христијан Мицкоски ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба со цел да ја покрие сопствената неспособност.
Ова е потврда и дека Мицкоски без основа ширел страв и паника во јавноста.
По ова признание на Тошковски, Христијан Мицкоски треба да одговара за предизвикување страв и ширење паника во јавноста без да се базираат на било какви факти и докази.
Ваква злоупотреба на безбедносната состојба само за да си го спасува рејтингот ниеден премиер не се осмелил да прави“.
Оваа влада и овој премиер, оценуваат во СДСМ, се опасност по граѓаните, по нивниот живот, по здравјето, но се опасност и по институциите кои ги множат со нула и по државата во целина.
Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.