Македонија
Рама за шегата во Солун: Настана непотребна хистерија, јас само ја иронизирав политиката на Бугарија
Шегата на албанскиот премиер, Еди Рама, при поздравувањето на неговиот македонскиот колега, Димитар Ковачевски, со германскиот канцелар, Олаф Шолц, каде на самит во Солун шеговито го претставува како премиер на идната Западна Бугарија предизвика жестоки реакции во јавноста.
Албанскиот премиер, почувствува потреба ситуацијата да ја разјасни на социјалната мрежа „Твитер“, во објава во која вели дека целиот настан предизвикал непотребна хистерија во Скопје.
Për të qeshur dhe qarë histeria e disave në Shkup ndaj kryeministrit Kovaçevski, pas publikimit të videos së duarshtrëngimeve me Kancelarin Scholz në Selanik, ku ironizova bllokadën e shëmtuar ndaj Maqedonisë së Veriut nga ana e Bullgarisë! Sherr mejhaneje mes tymit të qofteve? pic.twitter.com/x9jzAyD3AE
— Edi Rama (@ediramaal) June 12, 2022
„За смеење и за плачење е хистеријата која некои луѓе во Скопје ја прават кон премиерот Димитар Ковачевски откако беше објавено видеото од поздравувањето со канцеларот, Олаф Шолц, каде јас ја иронизирав грдата блокада што ѝ ја прави Бугарија на Северна Македонија“, посочува Рама во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

