Македонија
Рама и Ковачевски со селфи од Брисел: Навикнавме на оваа шарада
Албанскиот премиер Еди Рама во друштво на македонскиот премиер Димитар Ковачевски испрати заедничко селфи од Брисел. Под фотографијата напиша дека се навикнати на оваа шарада на Европската Унија.
„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога и да е сме посветени на поттикнувањето на модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, напиша Рама.
Still waiting for Godot? No, we are used to this charade and we are more then ever committed to push forward our countries and our region modernization with unwavering European spirit????? pic.twitter.com/bmxXK8WXbc
— Edi Rama (@ediramaal) June 23, 2022
Пред почетокот на самитот во Брисел, Рама ја обвини Бугарија дека киднапирала две членки на НАТО, мислејќи на Македонија и Албанија.
„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, порача Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

