Македонија
Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени во нашите граници, свртени грб со грб еден кон друг и дека она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот“.
Нагласувајќи дека за Албанија иницијативата за регионална соработка е стратешка и ќе продолжи кон заеднички поставените цели, Рама праша „зошто ние да сме завртени грб со грб додека земјите на ЕУ си имаат свој ритам, свое движење?“.
Тој нагласи дела лидерите и народите од регионот одлучија да направат сè што е потребно за да не се чека интегрирањето на регионот да зависи од ЕУ.
Според Рама, денешниот ден има уште една димензија на големина и значење и заради огромното присуство на деловните луѓе не само од Албанија и Србија, Северна Македонија, туку и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и од повеќе други земји.
Тој ја нарече оваа иницијатива за Албанија стратешка и потенцираше дека токму тој мозаик силно говори за вредноста на оваа иницијатива и за тоа колку на луѓето од бизнисот оваа иницијатива им е потребна и дека заедничкиот регионален економски простор може многу повеќе да постигне отколку што тоа можат земјите сами и одделно да го направат.
Порача дека на иницијативата треба да се приклучат и други земји од регионот и да дадат максимум за овој процес и за доброто на своите граѓани.
Албанскиот премиер додаде дека иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободи на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

