Македонија
Рама: Честитки до Заев и до сите оние што се бореа за овој историски момент

Среќен роденден, Република Северна Македонија, напиша албанскиот премиер на својот твитер-профил по завршувањето на собраниската седница во земјата, при што Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени.
HAPPY BIRTHDAY TO THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA? Heartfelt congratulations to @Zoran_Zaev and to everyone who fought for this historical moment? Një derë e re e të ardhmes u hap sot për dy popujt tanë në Republikën e Maqedonisë së Veriut???? #Respect?
— Edi Rama (@ediramaal) October 19, 2018
„Честитки до Зоран Заев и до сите оние што се бореа за овој историски момент“, напиша Рама на својот твитер-профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.