Македонија
Рамо до рамо со граѓаните на Битола и Крива Паланка: Инвестираме во земјоделството
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски заедно Благојче Трпевски беше во посета на Крива Паланка.
– Оваа година воведовме нов систем на субвенционирање. За прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно за парите да ги добијат тогаш кога им е најпотребно. Само кон тутунарите оваа година исплативме 26 милиони евра, исплатата на субвенциите кон другите категории земјоделци ќе се одвива согласно предвидениот план, посочи Бачовски.
Во Битола беа Наумче Мојсовски и Виктор Велевски пред граѓаните посочија дека СДСМ го подигна младинскиот и студентски стандард преку реални мерки и политики што ја намалуваат младинската невработеност и отвораат повеќе можности за младите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Продолжуваме да градиме поквалитетно образование, после седум години, за прв пат навремено испорачани учебници за сите ученици
Задоволна сум од сработеното и најавувам дека продолжуваме со исто силно темпо, максимално посветени кон учениците, студентите, наставниците, професорите, исто како и во првите 3 месеци. Отпочнати се крупни промени и им благодарам на сите кои учествуваат во нивното креирање и имплементирање. Имаме идентична цел и ќе продолжиме да градиме поквалитетно образование, за подобра иднина на младите во својата земја.
Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес конференција на која информираше за резултатите од работата во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, во областа на образованието.
„Моето прво, а воедно и реализирано ветување беше навремено достапни учебници за сите ученици. После седум години, за прв пат навремено се испорачани учебници за сите ученици. Над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден. Успеавме да изработиме и повеќе нови учебници и наставни материјали по предмети за кои, до скоро воопшто немаше никакво помагало – 10 тина во основното и 100 тина нови наслови во средното стручно образование“, рече Јаневска.
Информираше дека министерството се посвети и на инфраструктурата, па така во моментов се реализираат 36 капитални инвестиции во изградби и реконструкции на училишта, како и 40 помали санации на училишни објекти. Потсети дека започната е и етапна реконструкција на државните студентски домови. Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, во вредност од 17 милиони евра.
„Во 140 училишта е воведена квалитетна, економична и ефективна едносменска настава, а наскоро бројот ќе се зголеми за 50 тина. Заедно со наставниците се изработуваат нови наставни програми од седмо до деветто одделение, откако претходно беше стопирана концепцијата за основно образование во овие одделенија и се одделија предметите кои, преку спојување на историјата со географијата и граѓанското образование, ги обезвредни претходната влада. По цели 20 години e започнат и процес на етапна изработка на нови наставни програми во гимназиското образование“, рече Јаневска.
За прв пат во основните училишта се ангажирани над 1000 образовни асистенти, а ќе се постапи и по дополнително пријавени потреби од страна на родителите и старателите во меѓувреме.
Јаневска информираше дека се менува и законската регулатива заради повеќе и подобри образовни можности во Македонија.
„Пет закони се предмет на јавна дебата – за основно образование; за средно образование; за средно стручно образование и обука; за образование на возрасните; за Национална рамка на квалификации, а уште други 5, наскоро ќе треба да поминат низ филтерот на експертската јавност“, рече министерката, додавајќи дека ја поништила и одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, кој не ги исполнувал условите за почеток со работа.
Јаневска спомена дека буџетот на МОН пред три месеци е затекнат во минус од 5 милијарди денари, но со ребалансот дел од парите биле вратени во касата за да можат да се сервисираат услугите и да се исплатат сите задоцнети обврски кон граѓаните, како и кон институциите на кои, како што рече, срамно е да им должиме, потсетувајќи дека претходната Влада не исплатила средства за учество во ПИСА 2022, за учество во Хоризонт програмата на ЕУ и во Фулбрајт програмата на САД.
„Сета негрижа која постоеше до јуни, ја заменивме со 100 процентна посветеност кон чинителите на образовниот процес. Ги стопиравме лошите политики кои го намалија бројот на ученици за 17 илјади во изминатите 7 години. Покажуваме дека не сме сите исти и дека ако се сака, може да се направи повеќе за секој еден граѓанин на нашата заедничка држава“, додаде Јаневска.
Македонија
ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе
Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за хортикултурно уредување.
Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.
Првата активност на новиот директор, братучед на џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.
Ова е целосно недомаќинско работење на компанија чија главна задача и е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.
Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќаат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче“, велат од ДУИ.
Ги повикуваат институциите да постапат веднаш а тие како што напоменуваат ќе ги следат на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и најавија дека ќе ги известат надлежните институции за сите злоупотреби.
Македонија
„Пајакот“ крена 148 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.