Македонија
Рановски за вчерашната несреќа: Многу е важно да се открие дали автобусот се запалил пред или по ударот во заштитната ограда

Многу е важно да се открие дали автобусот се запалил пред или по ударот во заштитната ограда, изјави за бугарскиот БНТ извршниот директор на Автомобилската управа на Бугарија, Бојко Рановски.
„Инспекторите ќе направат сѐ што е потребно за да го утврдат целото движење на автобусот, местата каде што застанал, каде што се одморале возачите, брзината со која се движел. Сето тоа ќе се утврди“, рече Рановски за БНТ.
„Ќе има соодветни вештачења, во земјата има надлежни органи“, вели тој.
„Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина. Многу е важно да се открие дали автобусот се запалил пред или по ударот во заштитната ограда, па ќе се соберат сите информации. Досега немало ваков инцидент“, додаде Рановски.
Тој увери дека камерите на Управата се насекаде во државата и дека можело да се забележи движењето на автобусот.
Според очевидци, автобусот запрел за одмор на почетокот на автопатот „Струма“ на бензинска пумпа, а несреќата се случила на 30 километри по паузата, објасни Рановски.
Имало двајца возачи, уверува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.