Македонија
Расправија меѓу Бојан Јовановски и судијката поради пораките од неговиот телефон
Судот самостојно гледал докази кои не биле изведени, обвини Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистенката Кристина Блажевска.
Според него, судијката Софче Гаврилова-Ефремова во случајот за „Меѓународен сојуз“, пристапила до материјали од телефонот на Боки 13 и ги гледала, без да се побара тоа од адвокатите, обвинетите, обвинителот.
Дуковски тврди дека ваквите постапки се незаконски.

Текот на денешното судење беше тензичен, со надвикување и удирање по масите.
Боки 13 и Дуковски ѝ укажуваа на судијката дека не може да се најдат пораките помеѓу него и функционерите, што биле на телефонот кој беше одземен. Судијката, пак, убедуваше дека не е така.
Таа донесе лаптоп, со помош на вработен во судот, а кога го отворија дискот, следеше жестока реакција од Боки 13 според кого постапката е незаконска.
Судијката Гаврилова-Ефремова го опомена адвокатот Дуковски и Боки 13 дека ќе ги избрка, ако продолжат да зборуваат без да добијат збор.

Дуковски по судењето рече дека Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистенката Кристина Блажевска не дале одбрана само бидејќи не се изведени доказите од телефонот и на распит не се повикани посочените сведоци, од кои најголемиот дел се ексфункционери од Владата.
Од него следуваше и жестока реакција бидејќи судијката го отвори дискот со материјали без барање од странките.
„Ова што денес се случи е незабележано, повторувам со големи бувки. Ова е незабележано во судска пракса, надвор од главна расправа, судот сам, со којзнае кого, веројатно некои ИТ-техничари, отворил интимен материјал кој не може да го отвора без предлог од обвинител, самостојно”, кажа Дуковски.
Судењето се одложи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

