Македонија
Распределени становите во социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија
Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалните згради во Гевгелија и Демир Капија.
Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години, кои до исполнување на полнолетството биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица – припадници на ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца.
„Особено ми е драго кога политиките што ги водиме носат резултати и ова е пример за нашата вистинска грижа, за обезбедување хумани услови и достоинствен живот за граѓаните на кои тоа им е најпотребно. Тоа е наша обврска, а среќни граѓани е мотивација повеќе да работиме на подобрување на животниот стандард и подобра иднина за сите. Денеска извршивме распределба на становите во Гевгелија и Демир Капија. Континуирано спроведуваме политики да им помогнеме на ранливите категории граѓани, кои немаат сопствен дом, да дадеме поддршка, особено во овие тешки времиња“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
По извршената прелиминарна распределба, Комисијата за станбени прашања на терен ќе изврши веродостојност на доставената документација и фактичката состојба. Конечната листа на семејства што ќе добијат социјални станови ќе биде утврдена по завршувањето на теренскиот увид.
Работната посета во Гевгелија министерот Бочварски ја искористи да оствари и средба со градоначалникот Сарамандов, на која разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

