Македонија
Распуштањето на Судскиот совет е мерка од која не се откажуваме, вели Стојаноски

Нема повеќе обвинители и судии што се на услуга на криминалните бизнис-елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција запрашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот?
Тој продолжи и додаде:
„Распуштањето на Советот е мерка од која не се откажуваме, впрочем, тоа беше и наше ветување пред граѓаните, кое доби поддршка. Во меѓувреме, треба да се има предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од оние на кои им служи скапаниот судско-обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 процента доверба“, посочи Стојаноски.
Тој потенцира дека секој предлог и идеја, што ќе значи промена, се добредојдени, но воедно тоа не значи и откажување од заложбата да се променат и подобрат работите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички зафати во водоводната мрежа на улицата Филип Втори (пред хотелот Холидеј ИН) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Филип Втори, Мирче Мацан, Мирче Ацев и Кеј 13 – Ноември, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Дел од Батинци денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Батинци, општина Студеничани.
Корисниците ќе бидат без струја од 08:30 до 13:30 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни проследени со појава на грмежи.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.