Македонија
Распуштање на Собранието веднаш по петочното гласање за уставните измени без мнозинство, бара пратеникот Стојаноски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, бара распуштање на Собранието по првото гласањето во Собранието, од кое ќе се види дека власта нема 81 пратеник за уставните измени. Тој посочи дека тоа е единствен логичен чекор. Уверен е во тоа дека власта нема 2/3 мнозинство, потребно за вметнување на Бугарите во Уставот.
„Кратко и јасно. Првиот момент кога ова ќе стане јасно и ќе пропаднат сите лаги на мнозинството, нема да има друг логичен чекор, освен распуштање на парламентот и одржување предвремени парламентарни избори“, напиша Стојаноски.
Непосредно пред утрешното гласање и координаторот на пратеничката група Никола Мицески рече дека уште на гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година се манипулира со бројката за цензусот и за оние што даваат поддршка на уставните измени. Собранието за петок има закажано седница, на која единствена точка на дневен ред е усвојување на уставните измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

