Македонија
Ревизорите на ЕУ со лоша оценка за ефектите од ИПА помошта во Македонија
Европскиот ревизорски суд оцени дека помошта што ЕУ и ја дава на Македонија со години за да го зајакне својот административен капацитет не дала резултат поради недостиг на политичка волја од властите во земјата.
Во најновиот звештај за импактот на ИПА фондовите во Македонија, Европскиот ревизорски суд оценува дека македонските власти не успеале да ги искористат фопндовите на ЕУ за напредок во клучните области , како што се борбата против корупцијата и јавните набавки.
„Помеѓу 2007 и 2013 година, ЕУ одвои 615 милиони евра во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА) за да и помогне на Македонија да се подготви за пристапување во ЕУ. Земјата доби дополнителна финансиска поддршка во рамките на регионалните програми. Поддршката на ЕУ за реформите во земјата продолжува во рамките на ИПА II, со распределба од 664 милиони евра од 2014 до 2020 година“, е сумирана помошта што досега Брисел и ја даде на Македонија само преку ИПА инструментот.
На технички јазик Европскиот ревизорски суд практично консатира дека Македонија не научила ништо од инвестициите во инфраструктурата, дека проектите не се координирани и усогласени и дека главен проблем на ЕК сега е да утврди како да го намали минимумот од четири години што се потребни да се обезбедат резултати од помошта, очигледно за да се надомести пропуштеното досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

