Македонија
Регионалната универзитетска школа за безбедност ќе ја отвори претседателот Пендаровски

Денеска во хотелот „Александар Палас“ – Скопје свечено ќе биде отворена Регионална универзитетска школа за безбедност: „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен Балкан“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија, Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ и Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола.
Во рамки на свеченото отворање воведни предавања и свое обраќање ќе имаат Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, Ханс-Герт Потеринг – поранешен претседател на Европскиот парламент и висок претставник за европски прашања при Фондацијата „Конрад Аденауер“, Берлин, СР Германија; Вернер Фаслабенд – претседател на Академскиот совет на Центарот на Европско образование Вилфред Мартенс од Брисел и поранешен министер за одбрана на Австрија; Марјан Ѓуровски – проректор на УКЛО; Анке Холштајн – амбасадор на Сојузна Република Германија во РС Македонија; Кејт Мари Брнс – амбасадор на САД во РС Македонија.
Активно учество на три невната конференција која ќе се одржи на хибриден начин ќе земат истакнати експерти и студенти од СР Германија, Австрија, Белгија, Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Грција, Република Србија.
Фокусирајќи се на државите од Западниот Балкан на меѓународниот форум од областа на безбедноста ќе се процени влијанието на новите државни актери и играчи што може негативно да влијае на европеизацијата и консолидација на регионот на Југоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.