Македонија
Регистрирани нови 1.394 случаи на Ковид-19, починале 45 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на Ковид-19 во:Скопје – 592, Куманово – 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка – 10 ,Валандово – 8, Богданци – 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15,Гостивар,Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово,Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип,Ресен,Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .
Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , – по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) – по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , – по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.
Направени се 4.920 тестови преку: ИЈЗ-790, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, МАНУ-164, Жан Митрев (Филип Втори)-220, Авицена-352, Биотек-353, Систина-339, лабораторија Лаор-509, Синлаб – 122, Ремедика-58, Плодност – 63, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.589.
Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 59986, активни 10613
Прилеп 7253, активни 1130
Куманово 7124, активни 1047
Тетово 6435, активни 659
Битола 4738, активни 981
Велес 4678, активни 818
Гостивар 4647, активни 521
Кавадарци 4582, активни 749
Штип 4375, активни 499
Охрид 4258, активни 876
Струмица 3369, активни 408
Струга 2728, активни 274
Кочани 2321, активни 280
Кичево 2084, активни 228
Неготино 1979, активни 393
Гевгелија 1904, активни 415
Свети Николе 1304, активни 129
Крива Паланка 1099, активни 125
Ресен 1058, активни 199
Радовиш 940, активни 140
Берово 876, активни 130
Дебар 867, активни 63
Делчево 862, активни 104
Пробиштип 709, активни 100
Виница 641, активни 96
Валандово 542, активни 96
Крушево 439, активни 127
Богданци 423, активни 81
Демир Капија 369, активни 88
Кратово 336, активни 30
Демир Хисар 331, активни 44
Македонски Брод 312, активни 43
Пехчево 238, активни 37
Македонска Каменица 212, активни 18
Дојран 115, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши и Бегај од Скопје порачаа: Заеднички кон ЕУ и подлабока регионална соработка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, бидејќи тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот на Западен Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатералните парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат речиси секоја година.
Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и претставуваат пример за соработка во регионот. Тој посочи дека е унапредена соработката во многу сфери од заеднички интерес, што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Останува определбата за уште поголема соработка, особено во економската сфера.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои живеат во двете земји и претставуваат мост за градење стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.
Македонија
Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија.
„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и независните пратенички листи. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ – истакна Бендевска.
Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.
„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ – потенцираше потпретседателката.
Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.
„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ – изјави Бендевска.
ЗНАМ додава дека ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

