Македонија
Регистрирани нови 373 случаи на Ковид-19, починале уште седум лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Регистрирани се 638 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се вкупно 7 починати лица, и тоа од: Скопје (72 и 84) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73), Велес (48), Охрид (65), Кичево (65) и Дебар (80). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Направените 2.107 теста се преку: ИЈЗ – 445, ЦЈЗ Скопје – 76, „Авицена“ – 197, „Биотек“ – 142, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 106, „Систина“ – 164, лабораторија „Лаор“ – 144, МАНУ – 101, Судска медицина – 2, ЦЈЗ Битола – 71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 5, ГАК – 0, „Синлаб“ – 33, „Ремедика“ – 22, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 593, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 5, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 40.977, активни 3.802
• Куманово 5.245, активни 311
• Тетово 5.162, активни 292
• Прилеп 4.596, активни 145
• Гостивар 3.645, активни 185
• Штип 3.517, активни 94
• Битола 3.243, активни 134
• Велес 3.155, активни 247
• Охрид 2.871, активни 411
• Кавадарци 2.705, активни 379
• Струмица 2.553, активни 220
• Струга 2.252, активни 192
• Кочани 1.741, активни 61
• Кичево 1.729, активни 116
• Свети Николе 1.085, активни 34
• Гевгелија 1.022, активни 109
• Неготино 982, активни 86
• Дебар 768, активни 78
• Ресен 746, активни 92
• Крива Паланка 733, активни 39
• Радовиш 722, активни 51
• Делчево 651, активни 204
• Берово 602, активни 38
• Пробиштип 510, активни 28
• Виница 498, активни 31
• Валандово 325, активни 6
• Македонски Брод 246, активни 11
• Демир Хисар 247, активни 7
• Кратово 235, активни 24
• Богданци 226, активни 17
• Крушево 215, активни 32
• Демир Капија 220, активни 49
• Македонска Каменица 191, активни 17
• Пехчево 183, активни 9
• Дојран 85, активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

